Дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Италија се воспоставени на 16 декември 1993 година.
Билатерална договорна рамка:
Склучени договори предмет на ратификација
1. „Спогодба за редовен воздушен сообраќај помеѓу Македонската Влада и Владата на Италијанската Република“
- склучена во Скопје, на 03.02. 1997 година.
- во сила од 3 декември 1999 година
2. „Договор меѓу Македонската Влада и Италијанската Влада за поттикнување и заемна заштита на инвестиции“
- склучен во Скопје, на 26 февруари 1997 година.
- во сила од 28 мај 1999 година
3. „Договор меѓу Македонската Влада Владата на Италијанската Република за враќање на лица чие влегување и/или престој е во спротивност со важечките прописи “
- склучена во Скопје, на 26. 02.1997 година.
- во сила од 23 октомври 1997 година
4. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Италијанската Република за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот на дохот на капиталот и заштита од фискална евазија“
- склучена во Рим, на 20 декември 1996 година.
- во сила од 8 јуни 2000 година
5. „Договор меѓу Македонската Влада и Италијанската Влада за реципрочно признавање на конверзијата на возачките дозволи“
- склучен во Рим, на 15 јули 1997 година, со размена на ноти
- во сила од 1 декември 2002 година
5а. „Измена и дополнување на Договорот меѓу Македонската Влада и Италијанската Влада за реципрочно признавање на конверзијата на возачките дозволи, склучен на 15 јули 1997 година“
- склучен со размена на ноти на 28.09.2012 година
- во сила од 28.09.2012 година
6. „Договор меѓу Македонската Влада и Владата на Италијанската Република за консолидирање на одредени долгови“
- склучен во Скопје, на 21 јануари 1998 година.
- во сила од 23 јуни 1998 година
7. „Спогодба за соработка во областа на културата, образованието и науката помеѓу Македонската Влада и Владата на Италијанската Република“
- склучена во Скопје, на 21 јануари 1998 година.
- во сила од 4 мај 2001 година
8. „Спогодба за заемна административна помош за спречување, истраги и санкционирање на царински прекршоци меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Италија“
- склучена во Рим, на 21 мај 1999 година.
- во сила од 1 март 2003 година
9. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Италија за заемно уредување на меѓународниот патен превоз на патници и стока со моторни возила“
- склучена во Рим, на 21 мај 1999 година.
- во сила на 1 октомври 2004 година
10. „Договор за соработка во областа на туризмот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Италија“
- склучен во Скопје, на 15.11.2002 година.
- во сила од 09 февруари 2010 година
11. „Договор за соработка во областа на кинематографијата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Италија“
- склучен во Скопје, на 15.11.2002 година.
- во сила од 19.08.2005 година
12. „Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Италијанската Република за консолидација и отплата на одредени долгови“
- потпишан во Скопје, на 11 јули 2007 година.
- во сила на 2 октомври 2007 година
13. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Италијанската Република за полициска соработка“
- потпишан во Рим на 01.12.2014 година
- во сила од 29 мај 2018 година
14. „Протокол меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Италијанската Република за имплементација на Спогодбата за преземање на лица со незаконски престој“
- потпишан во Охрид на 13.06.2015 година,
- во сила од 13 април 2019 година
15. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Италија за размена и меѓусебна заштита на класифицирани информации“
- потпишана во Скопје, на 27 мај 2016 година.
- во сила од 6 јуни 2019 година
16. „Дополнителен билатерален договор меѓу Република Македонија и Република Италија кон Европската Конвенција за меѓусебна правна помош во кривичните предмети “
- потпишан во Скопје, на 25 јули 2016 година.
- во сила од 2 јуни 2019 година
17. „Дополнителен билатерален договор меѓу Република Македонија и Република Италија кон Европската Конвенција за ектрадиција“
- потпишан во Скопје, на 25 јули 2016 година.
- во сила од 2 јуни 2019 година
Договори и документи кои не подлежат на ратификација
1. „Спогодба (со размена на ноти) за укинување на визи за носители на дипломатски и службени пасоши“
- склучена на 26.02.1997 година.
- во сила од 05.03.1997 година.
2. „Спогодба помеѓу Македонското министерство за одбрана и Италијанското министерство за одбрана за соработка на полето на одбраната“
- потпишана во Скопје, на 09.05. 1997 година.
3. „Меморандум за разбирање меѓу Италијанската и Македонската Влада за реализација на програмата за рационализација на управувачкиот систем, модернизација на биомедицинска технологија за македонското здравство“
- потпишан во Рим, на 05.11.1999 година
4. „Програма за италијанска финансиска помош (ИФАД)“
- потпишана на 18.11.1999 година
5. „Меморандум за разбирање меѓу италијанската и македонската Влада за кредит“
- потпишан во Рим, на 09.09.1999 година
6. „Меморандум за разбирање за Пан-Европскиот Коридор VIII“
- потипшан во Бари, Италија на 9.09. 2002 година
7. „Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Италија за соработка на полето на малите и средни претпријатија“
- склучен во Скопје, на 29.09.2003.
- стапил во сила на 26.01.2004.
8. „Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Министерството за животна средина и територија на Република Италија за Соработка во областа на животната средина и оджливиот развој“
- потпишан во Римини , 23.08. 2005 година.
8а). „Анекс на Меморандумот за разбирање за соработка на полето на животната средина и одржливиот развој“
- потпишан на 20.12.2006 година.
9. „Договор помеѓу Република Македонија и Република Италија за концесија на заем за имплементација на втората фаза на Програмата за унапредување на системот за управување и модернизација на биомедицинската технологија во областа на јавното здравство.“
- потпишан во Скопје, на 26.05.2006 година.
- во сила од 17.01.2007 година.
10. „Оперативен Протокол за формирање заеднички тим со задача собирање и размена на информации за трговија со дрога меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Италијанската Република“
- потпишан во Охрид, на 29.11.2010 година.
11. „Финансиска конвенција меѓу Владата на Република Македонија и Medicredito Centrale-Instituto Centrale Per il Credito a Medio Termine S.P.A со седиште во Рим“
- склучена во Рим, 21 мај 1999 година
12. „Спогодба за италијанска финансиска помош меѓу Меѓународниот фонд за развој на земјоделството (IFAD), Канццеларија за проектни услоги на ОН, Владата на Република Македонија и Владата на Италија, наменет за финансирање на инфраструктурни објекти во стопански недоволно развиените подрачја“
- склучена Рим, 18 ноември 1999 година
13. „Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Македонија-Дирекција за заштита и спасување и Претседателството на Советот на Министри на Италијанската Република-Оддел за цивилна заштита за соработка во областа на цивилната заштита, помош и соработка во случај на итни ситуации“
- склучен во Скопје на 01.03.2013 година
14. „Договор за соработка меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и педијатриската болница Бамбин Џезу од Рим “
- потпишан во Рим на 28.11.2012 година.
15. „Меморандум за разбирање меѓу Министерството за Здравство на Република Македонија Католичкиот Универзитет “Свето срце”Рим“
- потпишан во Скопје на 24.јуни.2013 година
16. „Меморандум за разбирање и соработка помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Италианската асоциација за надворешни работи SIOI (Societa Italiana per l’Organizzionale ),“
- потпишана во Рим, на 13 мај 2014 година.
17. „Меморандум за соработка и разбирање меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија-Инситут за геостратешки истражувања и надворешна политика и италијанскиот институт за меѓунаародно хуманитарно право во Сан Ремо“
- потпишан во Скопје на 17.11.2014 година
18. „Протокол меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Италијанската Република за имплементација на Спогодбата за преземање на лица со незаконски престој како што е објавена во Службен весник на Европската унија, L334/1 – L 334/24 од 19.12.2007 година“
- потпишан во Охрид на 13.06.2015 година
19. „Четврта програма за соработка во областа на образованието, културата и науката меѓу Република Македонија и Италијанската Република за периодот 2016-2019 година“
- потпишана во Скопје на 30.06.2016 година